|

Филипче: Засега не размислуваме за воведување на задолжителна вакцинација

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека сè уште е рано да се замислува за задолжителна вакцинација на вработените во земјава. Порача дека останува мерката матичните доктори да ги стимулираат своите пациенти за помасовна вакцинација и според него ова моментално е најпрактичната мерка.

„Засега нема да се спроведува мерката за задолжителна вакцинација бидејќи отвора многу сериозни прашања во однос на тоа како би се казник оној кој нема да сака да се вакцинира. Ќе видиме како ќе се движи опфатот на вакцинација, преку оваа мерка со матичните леркари“, изјави Филипче.

Кон крајот на пролетта и почетокот на летото матичните лекари кои ќе имаат над 70 проценти вакцинирани пациенти ќе добијат бонус од државата, а како што најави Филипче станува збор за сума од 30 денари од пациент.



Слични Објави