|

Одбележана 30-годишнината од масакрот на пазарот „Маркале“ во Сараево

Функционери на БиХ, Федерацијата на БиХ и округот Сараево денеска им оддадоа почит на жртвите од масакрот на 5 февруари 1994 година од страна на припадниците на војската на босанските Срби положувајќи венци и цвеќе на споменикот на пазарот „Маркале“ во Сараево.

Како што е утврдено со истрагата и пресудата на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, 68 лица загинаа, а 142 се ранети од минофрлачка граната што била лансирана од подрачјето на селото Мрковиќи.

Властите на округот Сараево го прогласија 5 февруари за ден на сеќавање на сите жртви од опсадата на Сараево, која траеше од април 1992 година до февруари 1996 година. Во тој период повеќе од 11.000 луѓе, меѓу кои 1.500 деца, загинаа во Сараево од артилериски и снајперски напади.

Слични Објави