Нуредини: Производителите на пластични ќеси имаат 1,5 година да направат промени
Производителите на пластични ќеси ќе може да ги произведуваат актуелните биоразградливи ќеси до 1 јуни 2023 година, појадни Насер Нуредини, министер за животна средина, на денешната прес-конференција.
– Година и пол дена ќе има време производителите да ги направат промените на новите законски услови, изјави Нуредини.
Официјално од денес во сите продавници и пазари на потрошувачите ќе им се наплаќа по 15 денари наместо 2 денари како претходно.
– Цената што сакаше да ја зголеми Владата беше 10 денари за кеса, пратениците бараа 20, ставот на крајот излезе 15. Идејата не е да се акумулираат средства, туку да нема пластика во храната и водата. Тоа е поентата на ваквите закони и мерки, рече Нуредини.

