СПАСОВСКИ: НЕМА УВОЗ НА ШТЕТЕН ОТПАД ВО ЗЕМЈАТА
„Нема штетен отпад што се увезува во државата. Ова што се случува во Бугарија одблизу го следиме. Излегуваат многу информации. Апелирам да ги проверуваме, посебно кога се работи за сензитивна материја како оваа, за животната средина“, изјави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на новата операциска сала на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Спасовски напомена дека и Јавното обвинителство покренало постапка за испитување на наводите во јавноста за наводно увезување штетен отпад во земјава.
