| |

ЕДНА РОДИЛКА ОД СКОПЈЕ И ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ОД КУМАНОВО ПРИМЕНИ НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА

Една родилка од Скопје и двајца пациенти од Куманово во изминатите 24 часа се примени на Инфективната клиника во Скопје.

Министерот за здравство информира дека едниот од нив е хоспитализиран со по тешка клиничка слика. Со овие нови три пациентки, вкупно на клиниката има 62 лица.

Од хоспитализираните 5 пациенти се на механичка вентилација, а 25 со потешка клиничка слика со кислородна маска.

Во болницата „8-ми септември“ има 6 пациенти примени во изминатите 24 часа, од кои еден во тешка состојба и веднаш е поставен на респираторна машина.

Во Болницата во Битола се лекуваат седум пациенти од кои еден пациент е во тешка општа состојба и на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат 12 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани два пациенти, а на домашно лекување се следат девет пациенти и нивната состојба е стабилна.

Искористувајќи го моделот од Германија, Министерот за здравство, Венко Филипче потенцираше дека денеска имаме 500 оздравени пациенти и дека со овој модел не се оптеретуваат болниците.



Слични Објави