| |

Еднаков процент од Бугарите, Белгијците, Германците и Французите ја сметаат Европската Унија за место на стабилност

Еднаков процент (71%) од Бугарите, Белгијците, Германците и Французите сметаат дека Европскиот Унија е место на стабилност во свет исполнет со несигурност, пренесе БГНЕС.

Речиси три четвртини од Европејците (72%) сметаат дека нивната земја имала корист од членството во ЕУ. Подеднакво висок е и уделот на луѓе (73%) кои ја определуваат Унијата како фактор на стабилност во еден несигурен свет. Вкупно 81% од анкетираните поддржуваат заедничка политика за безбедност и одбрана меѓу земјите членки.

76% од Европејците сметаат дека руската инвазија врз Украина претставува закана за безбедноста на ЕУ. Поддршката за реакцијата на Унијата против руската агресија останува стабилна, при што 55% се задоволни од дејствувањето на ЕУ. Генерално, 76% сметаат дека поддршката за Украина треба да продолжи до постигнување праведен и траен мир.

Довербата во Европската Унија исто така бележи раст. 51% од Европејците изјавуваат дека имаат доверба во ЕУ, што претставува зголемување од три процентни поени во однос на есента 2025 година. Шест од десет граѓани на Унијата велат дека со оптимизам гледаат на иднината на ЕУ.

Повеќе од половина од граѓаните на ЕУ (57%) се задоволни од начинот на кој функционира демократијата во Унијата, покажуваат податоците од последното истражување на „Евробарометар“.

Слични Објави