ЕК: Бугарија ќе одлучи каде ќе одат парите од таксите наметнати за транзитот на рускиот гас
„Таксите наметнати од Бугарија за транзит на руски гас во Србија, Унгарија и Северна Македонија се национална мерка и затоа Бугарија ќе одлучи каде ќе одат парите од нив. Ова го изјави вчера портпаролот на Европската комисија, Тим Мекфиј.
Минатата недела, за време на Европскиот совет во Брисел, бугарскиот премиер Николај Денков изјави дека во моментов се водат консултации меѓу Бугарија и Европската комисија за наметнатите такси. Тој додаде дека овие пари најверојатно ќе одат во европскиот буџет.
„Досега ЕУ воведе 11 пакети санкции против Русија. Рестриктивните енергетски мерки влијаат на нафтата и јагленот, но не и на увозот на гас“, категоричен беше портпаролот.
Премиерот Денков минатата недела изјави дека „нема противречност со санкциите“ и дека таксите „целосно се исполнети во духот на соодветната директива“.
