| |

ФОКУС: ОДБИЕНО БАРАЊЕТО НА ГРУЕВСКИ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА

Судијата за извршување на санкции го одби барањето на екс премиерот Никола Груевски да му го одложи извршувањето на затворската казна од две години. Од Кривичниот суд сѐ уште не ја потврдуваат информацијата, но од СЈО ни потврдија дека одлуката веќе ја добиле, јавува Фокус.

Сега Груевски има право да поднесе жалба до Кривичниот совет, коj ќе има рок од три дена да одлучат. Доколку и тие ја отфрлат неговата жалба, Груевски на 8 ноември ќе мора да влезе во истражниот затвор „Скопје“ каде што треба да ја одлежи казната.

Од затвор Груевски може да го спаси и Врховниот суд, но според временските рокови и процедури тоа не е возможно да се случи пред 8 ноември, туку откако веќе екс премиерот би влегол во затвор.

Груевски на правосилна затворска казна од две години беше осуден во предметот на СЈО „Тенк“, односно за набавката на мерцедесот од 580.000 евра.

Извор: Фокус

Слични Објави