| |

Екатерина Захариева и Јулијан Попов се кандидати за еврокомесар од Бугарија

Екатерина Захариева од ГЕРБ-СДС и Јулијан Попов од ПП-ДБ се кандидатурите одобрени од бугарската влада за член на Европската комисија во име на Република Бугарија, јавува БГНЕС.

Премиерот Димитар Главчев претходно денеска им се заблагодари на сите пратенички групи за сериозниот однос кон темата и за предложените номинации.

„Правилата треба да се почитуваат, затоа пред Европската комисија ќе ги претставиме кандидатурите за еврокомесар од Бугарија кои се во согласност со правилата“, рече Главчев на почетокот на средбата. Тој јасно стави до знаење дека секоја шпекулација дека има распределени ресори е неодржлива.

Премиерот рече дека кабинетот не доцни со никакви рокови за прибирање на апликациите за еврокомесар од Бугарија. Распределбата на ресорите ја врши Европскиот совет.



Слични Објави