|

Експлозија на балкон во Бон, полицијата трага по сторителите

Голема материјална штета е причинета денеска кога непознати лица фрлиле експлозив на балкон од станбена зграда во Бон.

Сите жители на зградата се евакуирани и нема повредени, а полицијата трага по сторителите, пишува „Билд“.

„Местото на злосторството е обезбедено, а веднаш е започната потрага по осомничените со поддршка од хеликоптер“, соопшти портпаролот на полицијата.

Форензичкиот тим во текот на утрото изврши истрага, а мотивот за нападот се уште не е познат, јавува Танјуг.

Изминативе месеци во Северна Рајна Вестфалија се случија неколку експлозии поврзани со криминални групи, но полицијата се уште нема докази дека овој инцидент е поврзан со други случаи, пренесува Танјуг.

Слични Објави