ЕЛ ЧЕКА ДО ФЕТАИ: НЕ СИ НИШТО ПОРАЗЛИЧНА ОД КАТИЦА ЈАНЕВА
Кичевецот познат под псевдонимот Ел Чека преку своите Фејсбук статуси ја повикува обвинителката Фатиме Фетаи. Бидејќи молчи за доказите кои рече дека ќе ги презентира за „Монструм“, Ел Чека прашува зошто тоа го нема направено и ја споредува со Катица Јанева која е третоосомничена во „Рекет“, пренесува „Точка“.
„Фатиме Фетаи, како што помина август, помина и 5-ти септември, вети за МОНСТРУМ нели? Каде си мори Фато? Не не си ништо поразлична од Катица, таа рекетираше преку Боки13, а ти директно! Чантата повторно ти се наполнила“, пишува тој.