ПОЧИНА 15 ГОДИШНОТО МОМЧЕ КОЕ БЕШЕ ПРЕГАЗЕНО НА БУЛЕВАРОТ ВО ШТИП

Вести Истакнато Македонија

15 годишното моче Мустафа Седат почина во Клиничкиот центар во Скопје по битката која ја водеше во изминатите 12 дена. Седат беше прегазен на 9 ноември на пешачкиот премин за време на големиот училишен одмор, кога го преминувал булеварот заедно со група средношколци, но во критичниот момент кога возилата од десната страна ги пропуштале средношколците, 68 годишниот возал на возилото фолцваген поло не застанал и го удрил момчето, по што го влечел околу петнаесетина метри по булеварот.

Од обвинителството велат дека го чекаат извештајот од лекарите и од вештачењето за сообраќајната несреќа и по комплетирање на предметот ќе почне и постапката против 68 годишниот возач.