ЕЛИФ ЕЛМАС ДОБИ НОВ ТРЕНЕР

Фенербахче има ужасна сезона и е во опасност да испадне од турската елита. Гигантот од Истанбул пред еден месец го смени тренерот Филип Коку, а на негово место го назначи Ервин Куман. Ниту вториот Холанѓанец не успеа да го го разбуди заспаниот „џин“, па клубот утринава доведе нов тренер. 

„Трета среќа“ за Фенербахче треба да биде Ерсун Јанал. Ова ќе биде кам-бек на тренерот во Фенербахче, кој го предводеше тимот до титулата во сезоната 2013-2014. Тој потпиша договор на една ипол година.

Македонскиот репрезентативец Елиф Еламс, кај претходните двајца тренери имаше забележителна минутажа и редовен стартер во тимот. Останува да видиме какви планови има Јанал за македонскиот „бисер“.

Фенербахче моментално се наоѓа на 17-тото место во зоната за испаѓање во турската Суперлига со 14 бодови.

Извор: Sport1.mk