ЕНТОНИ ГО ИМПРЕСИОНИРАШЕ ПОРТЛАНД: ДОБИВА ЗАГАРАНТИРАН ДОГОВОР
Кармело Ентони имаше проблем да пронајде нов тим за оваа сезона, па конечно шанса му укажа Портланд. Блејзерс воопшто не зажалија што го земаа ветеранот, кој за кратко покажа дека не е старо железо.
Поранешниот олстар играч на 14 ноември потпиша негарантиран договор. Откако одигра само 10 натпревари, Ентони покажа дека и натаму и квалитет да игра на највисоко ниво со просек од 13,4 поени по натпревар со одличен процент на реализација од 40 отсто. Заслужено ја доби и наградата за најдобар кошаркар на неделата во Западната конференција.
Портланд сега ќе му понуди загарантиран договор до крајот на сезоната, а нема да биде изненадување доколку се обиде да го „брзе“ 35-годишниот кошаркар на уште една сезона.
Извор: Спорт1