Епидемија ги фати независните кандидати, се повлече и Сашо Пивковски од Општина Могила
Повлекувањето од изборната трка во вториот круг од локалнте избори, независниот кандидат на Општина Могила, Сашо Пивковски го направи преку фб.
Тој напиша, дека по внимателно размислување и бројни разговори со многумина, одлучил да ја повлече својата кандидатура од изборната трка.
„Ова не беше лесна одлука, но верувам дека е исправна и чесна во овој момент – во интерес на нашата општина и на сите граѓани што живеат во неа. Во изминатиот период слушнав различни мислења, совети и размислувања. Сфатив дека политиката не смее да создава поделби меѓу луѓето, особено не меѓу пријатели и семејства. Нашата сила е во заедништвото, не во поделбите. „ВМРО-ДПМНЕ е мојата партија, мојот политички дом“, напиша Пивковски на социјалните мрежи.
Пивковски додаде дека како член на ВМРО-ДПМНЕ, секогаш се водел од идејата за чест, работа и почит кон луѓето. Така било и ќе остане, пишува тој. (Целиот напис прочитаjте го на Рацин.мк)
