ЕРДОГАН: РУСКИТЕ СИСТЕМИ С-400 ЌЕ БИДАТ ИСПОРАЧАНИ ВО ТУРЦИЈА ЗА 10 ДЕНА
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека руските системи за воздушна одбрана С-400 ќе бидат доставени во Турција во следните 10 дена, објави турската телевизија НТВ.
Според НТВ, Ердоган ја дал информацијата на маргините на самитот на Г20 во Јапонија, одговарајќи на новинарските прашања по преговорите со својот американски колега Доналд Трамп.
Ердоган исто така е сигурен дека Турција ќе може да ги реши несогласувањата со САД предизвикани од договорот за С-400. Турскиот претседател рече дека Вашингтон нема да ѝ наметне санкции за Анкара и потсети дека Анкара ја чека испораката на 100 борбени авиони од петтата генерација Ф-35.
Односите меѓу Турција и САД се влошија во последниве месеци поради договорот на Анкара со Москва за С-400 . Вашингтон претходно ја предупреди Анкара дека САД би можеле да одбијат да ѝ продадат авиони Ф-35 на Турција ако Анкара ги купи системите од Русија.
Извор: Макфакс