|

„ХЕНДИКЕП ПЛУС“ ОД КРИВА ПАЛАНКА ЗАЕДНО СО „АКТИВЕН ЖИВОТ“ ОД ТЕТОВО СО ПРОЕКТ „РЕГИОНАЛНИ ПОЛИТИКИ ЗА ХЕНДИКЕП“

Здружението Хендикеп Плус од Крива Паланка, во партнерство со здружението Активен живот од Тетово, во јуни започна со реализација на проектот ,,Регионални политики за хендикеп”.
Проектот е поддржан од програмата Цивика мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.
Проектот ,,Регионални политики за хендикеп” ќе се спроведува во времетраење од една година на територијата на североисточниот и полошкиот регион.
Целта на предлог акцијата е унапредување и усогласување на регионалните политики во североисточниот и полошкиот регион со Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп (КПЛХ).
Активностите во рамките на овој проект ќе придонесат кон усогласување на регионалните политики со КПЛХ и промовирање на учеството на Организациите на лицата со хендикеп во креирањето и донесувањето одлуки, како и подигнување на јавната свест по прашањето на хендикеп, зголемување на капацитетите на институциите по прашањето на хендикеп, подигнување на јавната свест за потребата од меинстримирање на прашањето на хендикеп како и обезбедување и креирање на услуги и сервиси на локално ниво, пристапни и достапни за граѓаните со хендикеп, стои во соопштението на „Хендикеп плус“ од Крива Паланка.

Слични Објави