ПОСТОЈАТ СИЛНИ ИНДИЦИИ ДЕКА УБИЕЦОТ НА 4 ЛИЦА ВО ТРАМВАЈОТ ВО УТРЕХТ ИМАЛ ТЕРОРИСТИЧКИ МОТИВ

/

Холандските обвинители денеска соопштија дека имаат силни индиции оти човекот обвинет за убиство на четворица патници во трамвај во централниот град Утрехт во март, имал терористички мотиви, пренесува „Спутник“.

Според обвинителите, 37-годишниот Ѓокмен Танис, роден во Турција, оставил рачно напишано писмо во својот автомобил, во кое пишува: „Го правам ова за мојата религија- убивате муслимани и сакате да ни ја одземете религијата, но нема да успеете, Аллах е голем”.

Обвинителите понатаму рекоа дека нивните сомневања произлегуваат од две изјави на Танис пред да одбие понатаму да зборуваа. Официјалните лица, сепак, не дадоа никакви информации за изјавите.

Пукањето се случи на 18 март во трамвај во централен Утрехт. Првично, турската новинска агенција „Анадолија“ објави дека осомничениот имал расправија со член на семејството.

Сепак, следниот ден холандските власти рекоа дека сериозно ја разгледуваат можноста за терористички мотиви зад овој инцидент.



Танис, кој беше уапсен неколку часа по инцидентот, ја презеде одговорноста за нападот и рече дека дејствувал сам.

Извор: Макфакс



Претходна статија

„ХЕНДИКЕП ПЛУС“ ОД КРИВА ПАЛАНКА ЗАЕДНО СО „АКТИВЕН ЖИВОТ“ ОД ТЕТОВО СО ПРОЕКТ „РЕГИОНАЛНИ ПОЛИТИКИ ЗА ХЕНДИКЕП“

Следна статија

ПОДНЕСЕНИ ОБВИНЕНИЈА ЗА НЕСРЕЌАТА НА АВТОБУСОТ НА „ДУРМО ТУРС”

Најново од Вести