ДЕТЕ, МАЖ И ЖЕНА ИСКАСАНИ ОД КУЧИЊА СКИТНИЦИ

Кучиња вчера искасаа две лица во Скопје и едно лице во Велес.

Во 14.00 часот во Полициската станица Центар, 36-годишната А.К.  од Охрид, пријавила дека на Кеј „13-ти Ноември“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога, а исто така во Полициска станица Велес, 39-годишната М.Ј. од Велес пријавила дека на плоштад ,,Kојник’’ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник  во горниот дел од ногата.

Истиот ден во 14.15 часот во Полициската станица Центар, 28-годишниот П.К. од Охрид, пријавил дека на Кеј “13-ти Ноември“, бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.