ГОЛЕМО БРАВО ЗА МАЛАТА ХУМАНИТАРКА АНДРЕА ОД СТРУГА
Андреа е само на 5 и пол години. Таа во вторник (27 август) во 16 часот, на чаршијата во Струга, ќе продава сокчиња за да му помогне на еден човек кој навистина има потреба од помош.
Андреа и друг пат учествувала во хуманитарни акции.
Можат ли ненајадените во ова земја да погледнат во нејзините чисти очи?
Бидете како Андреа!!!
Давајте ја за пример на вашите дечиња, ако сакате тие да станат добри луѓе.
Андреа е порака дека доброто не може да се избрише, бидејќи извира како вода… вода од карпа во планината.
Во вторник (27 август) сите што се од и се наоѓаат во Струга, да си купите сокче од Андреа!!!