„НАЈДОБРОТО ОД МАКЕДОНИЈА“ ВО БУДИМПЕШТА ПОЧНУВА СО ФИЛМОТ „ПАНКОТ НЕ Е МРТОВ“

Со проекција на филмот „Панкот не е мртов“ на режисерот Владимир Блажевски, утре во Будимпешта ќе почнат серија настани од културата „Најдоброто од Македонија“ кои до крајот на наредната година ќе ги организираат македонски иселеници во Унгарија.
„Панкот не е мертов“ е меѓу најуспешните македонски филмови, кој доби голем број меѓународни награди и победи во категоријата „Исток – Запад“ на престижниот фестивал во Карлови Вари во 2011 година.
Филмот е во продукција на „Панк филм“ од Скопје. Во Будимпешта утре ќе биде прикажан во познатото кино „Бем Мози“.