ПОТВРДЕНО ОБЕДИНУВАЊЕТО: СЕ „РОДИ“ ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР!

Општина Битола денеска го изгласа договорот за спојување на двата битолски ракометни клубови Пелистер и Еурофарм Работник и конечно се реализираше најавуваната фузија. 

Помладиот битолски клуб ги купи акциите на Пелистер, па овој тим во иднина ќе се вика Еурофарм Пелистер. Вториот тим ќе биде Еурофарм Пелистер 2, а буџетот на двете екипи на годишно ниво треба да изнесува околу еден милион евра годишно.

Дресовите на Еурофарм Пелистер оваа година ќе останат исти, додека следната сезона ќе се натпреваруваат во бело-сини дресови, а втората комбинација ќе биде зелено-бела. 

Извор: Спорт1