РУСКОСКА ГО ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЕТО ЗА „РЕКЕТ“ – ЈАНЕВА ВТОРООБВИНЕТА

Обвинителката која го води случајот „Рекет“, Вилма Рускоска денеска поднесе обвинение против тројцата инволвирани.

Првообвинет е Бојан Јовановски – Боки 13 кој се товари за „примање награда за противзаконито влијание“ и „перење пари.

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева е второобвинета и ќе одговара за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Третообвинетиот Зоран Милески битно придонел за извршувањето на кривичното дело со договарање на континуирани средби на првообвинетиот со сопругата на сведокот, а подоцна и со сведокот, притоа уверувајќи ги во неговото влијание врз јавниот обвинител.