ЗАЕВ: АКО БУГАРИЈА ОСТАНЕ НА БАРАЊАТА, ТРЕБА ДА ГО ПОДГОТВИМЕ НАРОДОТ ДЕКА НЕМА ДА ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

//

Премиерот Зоран Заев кажа дека разговорите меѓу бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева и македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи не биле добри и ако Бугарија остане на тоа што го предложила, македонскиот народ треба да се подготви дека во декември нема почнат пристапните преговори со Европската унија, пренесува СДК.

„Разговорите меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Бојко Борисов беа добри, но разговорите меѓу министерката Екатерина Захариева и министерот Османи не се баш добри. Тоа што е предложено од таа страна ниту е добрососедство, ниту е братство, а најмалку европски и ако тоа така остане треба да го подготвиме нашиот македонски народ дека може да не отпочне првата меѓувладина конференција која што ја очекуваме во декември“, кажа Заев во Пробиштип, одговарајќи на новинарско прашање за завчерашната посета на Османи на Софија.





Претходна статија

(ВИДЕО) ТАТКО И СИН ОД БУГАРИЈА ГО ПРЕПЛОВИЈА АТЛАНТСКИОТ ОКЕАН СО КАЈЧЕ

Следна статија

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ТРУБАРЕВО

Најново од Вести