КОГА АСПАРУХ ЈОСИФОСКИ Е „ПАТРИОТ“, А ВНУКОТ НА ДАМЕ ГРУЕВ „ОКУПАТОР“

Нека ни е честит 11 Октомври-Денот на народното востание! Битката против фашизмот, тиранијата, српското, грчкото, турското ропство, бројните вооружени акции, атентати, жртви, логорите на смртта и Голи Оток, се патот по кој одеа нашите предци за да стигнат до слободна, суверена и независна Македонија. Ние сме должни да паметиме, да ги почитуваме и да се гордееме бидејќи имаме зошто.

loading...

Но, како се случи Аспарух Јосифоски да е „патриот“ а Петар Дамев Колев, внук на војводата Даме Груев „окупатор“ и предавник?

Ете малку фактологија за чудниот историски парадокс:

За почеток на востанието против фашизмот во Македонија се смета нападот кој Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршува во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Во нападот учествуваат 16 партизани, распределени во три групи. Првата го напаѓа бугарскиот полициски участок, втората – затворот, а третата има задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација.

Во првата група учествуваат: Аспарух Јосифоски (командир), Душко Наумовски-кој всушност е физичкиот извршител на убиството на стражарот Петар Колев, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски.Во втората група биле: Никола Попоски (командир), Мице Козар, Пецо Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин и Душко Ристески.Во третата група биле: Мице Димески (командир), Крсте Црвенковски, Коле Чашуле, Киро Ќососки и Киро Базеркоски.Во акцијата на првата група бил убиен еден стражар од участокот, Петар Колев од село Смилево, роднина и внук на легендарниот Даме Груев, од страна на Душко Наумовски. Потоа, Аспарух Јосифовски фрлил бомба врз стражарницата. Меѓутоа, надвор се нашол уште еден војник и отворил оган врз групата и со тоа овозможил стражарите да се извлечат. Потоа настанала вооружена престрелка, а групата успеала да се извлече по речното корито. Помеѓу партизаните немало загинати.


loading...

Втората група нападот го започнала точно во 22 часот. Во предвиденото време незабележана групата се доближила до затворот и во моментот кога ја слушнала престрелката пред полициската станица по фрлената бомба јуришала на затворот. Од затворот било возвратено со оган. Откако било констатирано дека не може да се влезе во затворот за да се ослободат затворениците биле фрлени бомби со што било овозможено без губитоци групата да се повлече по тесните улици.

Третата група со сечење на телеграфските и електричните жици успешно го прекинува телефонскиот сообраќај за да не може воениот гарнизон во Прилеп да биде информиран за нападот“.

Ова се историски факти, опишани како во бугарските воени архиви, така и во редица документи кои се чуваат во македонските архиви.

Автор: П. Колев