ГРУБИ: РАМКОВНИТЕ ВРАБОТЕНИ И ДА НЕ САКААТ ДА РАБОТАТ НЕ МОЖАТ ЗАКОНСКИ ДА СЕ ИЗБРКААТ ОД РАБОТА

//

„Нема законска можност за тоа да се реализира, за жал. Во некои од институциите самите вработени не сакаат да одат, во некои други случаи, институциите не ги прифаќаат затоа што би преферирале нови вработувања. Затоа и најавив усвојување можеби на посебен, специјален закон, само за оваа категорија, со кој би било обврзувачки, и институцијата и вработениот да го прифатат распределувањето“ – вели министерот за политички систем и односи со заедниците Артан Груби за Алфа.

Рамковните седеле дома, но не по нивна вина – вели Груби и покрај тоа што признава дека тие одбиваат работа. Некои од нив не ги примале ниту институциите. Процесот бил почнат, но не сакаше да каже кога ќе заврши. Неблагодарно било да се даваат крајни рокови за финиш на овој долгогодишен процес.

„Неблагодарно е да зборуваме за рокови, 2, 3, 5, 6 месеци, но е апсолутен приоритет на Владата. Го има во владината програма, во нашата партиска програма и з амене претставува приоритет распределување на тие што земаат плата, а седат дома, не по нивна вина“ – вели Груби..



Претходна статија

КОГА АСПАРУХ ЈОСИФОСКИ Е „ПАТРИОТ“, А ВНУКОТ НА ДАМЕ ГРУЕВ „ОКУПАТОР“

Следна статија

(ВИДЕО)РАНЕТ ПОЛИЦАЕЦ ВО ПУКАЊЕ ПРЕД ЗГРАДАТА ХРВАТСКАТА ВЛАДА

Најново од Вести