|

Можеби имам 84, но се чувствувам како да имам 48: Чак Норис го прослави својот 84 роденден

Американската акциона ѕвезда Чак Норис го прослави својот 84-ти роденден.

Во неговите помлади денови, тој немал ниту намера ниту планирал да стане актер, но љубовта кон боречките вештини го одвела на сосема неочекуван пат исполнет со ѕвезди.

View this post on Instagram

A post shared by Chuck Norris (@chucknorris)

По повод својот 84-ти роденден, Норис на Инстаграм сподели видео на кое може да се види дека е целосно во топ форма.

„Можеби имам 84 години, но се чувствувам како да имам 48 години“, оптимистички вели тој во видеото.

Норис денес ретко се појавува во јавноста, а неговата последна улога беше во филмот „The Expendables 2“ од 2021 година.



Слични Објави