|

Ердоган: Турција и Египет сакаат подлабока соработка во областа на нуклеарната енергија и природниот гас

Турција сака да ги продлабочи врските со Египет во областа на природниот гас и нуклеарната енергија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по разговорите со неговиот египетски колега Абдел Фатах ел Сиси.

За време на заедничката прес-конференција со Сиси, Ердоган истакна дека двете земји ја потврдиле својата подготвеност да ги подобрат односите во сите области, вклучително и трговијата, одбраната, здравството, енергијата и прашањата за животната средина, пренесува Ројтерс.

Министрите на двете земји потпишаа голем број договори пред изјавите на лидерите.

Слични Објави