ЕУ повторно ја ставa С. Македонија на „црната листа“ за патување

/

Европската унија во петокот презела чекори за враќање на патните ограничувања поради пандемијата на коронавирусот за САД и уште пет други земји, а меѓу нив е и Северна Македонија, пишува Дојче Веле.

Одлуката е поради растот на бројот на заразени, а веста за агенцијата Ројтерс ја потврдиле двајца дипломати на Унијата. 

Освен Македонија, меѓу земјите за кои ќе се вратат ограничувањата се САД, Косово, Израел, Црна Гора и Либан. 

Процедурата за одлуката започнала денеска, а се очекува да биде потврдена во понеделник доколку ниту една земја-членка на ЕУ не ја блокира. 



Критериумите според кои се одредува дали граѓаните на некоја земја ќе можат туристички да патуваат во ЕУ ја опфаќаат актуелната епидемиолошка состојба и генералното справување со Ковид-19, како и квалитетот на информациите и изворите на податоци.

За македонските граѓани одлуката ќе значи дека повторно ќе се соочуваат со големи ограничувања при туристички, односно ткн. не-есенцијални патувања во ЕУ. Некои земји можат целосно тоа да го забранат, додека пак некои можат да наложат обврзувачки карантин при пристигнувањето. 

Претходна статија

Мицкоски: Направивме историски чекор со Алијанса и Алтернатива, коалицијата ќе го победи криминалот на СДСМ и ДУИ

Следна статија

Денеска се регистрирани 978 нови случаи на Ковид 19 – пријавени се 24 починати лица

Најново од Вести