| |

Europa Press: Европскиот парламент побара од РС Македонија реформи и промена на Уставот, доколку сака да стане дел од ЕУ

РС Македонија треба да покаже политичка волја и да ги спроведе уставните измени за да се доближи до Европската Унија. На тоа инсистира Европскиот парламент. Ова се наведува во анализа на авторитетното шпанско издание Europa Press, пренесува БГНЕС.

Изданието информира дека Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент побарала од Република Северна Македонија јасно да демонстрира политичка волја за прифаќање на уставните измени, кои би го олесниле нејзиното приклучување кон Европската Унија.

Се наведува дека во извештај посветен на процесот на пристапување во ЕУ, комисијата ги повикала властите во Скопје да ги преземат неопходните уставни измени, да ги засилат напорите за зајакнување на владеењето на правото и да ја засилат борбата против корупцијата. Европратениците ја охрабриле Република Северна Македонија да продолжи со реформите и покрај политичките предизвици и јавното незадоволство.

Се истакнува дека, според Европскиот парламент, членството во ЕУ зависи од постоење на политичка волја и широк консензус во земјата. Затоа се повикува на конструктивен дијалог кој би довел до таков консензус, со што би се зацврстил мултиетничкиот карактер на државата и би се забрзал нејзиниот напредок кон ЕУ.

Во статијата се додава дека во моментов членството на Северна Македонија е фактички блокирано поради недостаток на напредок во уставната реформа, која Скопје се обврза да ја спроведе со цел да одговори на загриженоста на Бугарија.

Во публикацијата се посочува дека властите во Скопје треба да ги внесат Бугарите во Уставот и законодавството.

Во материјалот се обрнува внимание дека реформата не била спроведена по падот на претходната влада и враќањето на власт на националистичка партија, која ветила враќање на старото име на државата и непроодолжување со уставните промени.



Слични Објави