ЕВРОАМБАСАДОРОТ ГИР: ПРВО ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ПОТОА ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ
Преговорите ќе почнат кога ќе има договор, вели евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир. Гир додава дека патот на кој сега се наоѓаме е двонасочен, јавува Фактор.мк.
Тој денеска изјави дека преговорите со Европската Унија ќе започнат тогаш кога ќе има договор со соседна Бугарија, но додаде дека тоа не треба да биде причина да не се продолжи со спроведување на реформите.
„Колку повеќе напредуваме во реформите, толку поблиску ќе биде државата кон Европската Унија“, изјави Гир на онлајн конференцијата „Улогата на медиумите и граѓанските организации во процесот на интеграции“.