Европскиот Парламент препорачува да и се додели кандидатски статус на Украина

/

Европратениците во огромно мнозинство ја поддржаа резолуцијата со која се бара да и се додели кандидатски статус за членство во ЕУ на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Резолуцијата е донесена со само 13 гласа против и 26 воздржани, додека 637 гласаа за на денешната вонредна пленарна седница на Европскиот Парламент.

Со ова европратениците испраќаат јасен сигнал до Украина, но и до Русија, дека Киев има целосна поддршка од единственото демократски избрано тело во Европската Унија.

Претседателот на Европскиот Совет денеска побара Европската Комисија да изготви мислење за кандидатскиот статус на Украина во ЕУ. Бројни европратеници денеска порачаа дека е итно и Молдавија да го добие овој статус.

Конечната одлука за нови земји членки ја носи Советот на ЕУ, односно земјите членки.



До сега земјите од истокот на Европа не биле дел од процесот на проширување и на стабилизација и асоцијација. Европската Комисија ќе треба наскоро да се произнесе за иднината на Украина во ЕУ.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Генчовска на бугарско-романската граница ќе се сретне со евакуираните граѓани од Украина, меѓу кои и Македонци

Следна статија

Полска ќе прими 2.000 украински сирачиња

Најново од Вести