|

„Фајненшл тајмс“: Директорот на ЦИА минатиот месец беше во тајна посета на Кина

Директорот на ЦИА, Бил Барнс, минатиот месец бил во тајна посета на Кина за да разговара со тамошните власти.

Според „Фајненшл тајмс“, тајната посета укажува на тоа дека Белата куќа станала загрижена поради влошувањето на односите меѓу Пекинг и Вашингтон.

Сепак, американски официјален претставник рече дека Барнс се сретнал со претставници на кинеското разузнавање за време на патувањето.

„Минатиот месец директорот на ЦИА, Барнс, отпатува во Пекинг каде што се сретна со своите кинески колеги и ја истакна важноста од одржување на отворени линии на комуникација во разузнавачките канали“ изјавил неименуваниот американски функционер.

Слични Објави