ФАТЕН СТОРИТЕЛОТ ШТО КРАДЕЛ БИСТИ ВО ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА БУТЕЛ

/

По писмо до нашата редакција од граѓанин, кој се жали дека е украдена биста од гробно место на негов близок, стапивме во контакт со службеници од обезбедувањето на Градски гробишта Бутел.

Од таму не информираа дека сторителот со иницијали М.С. е уапсен од полицијата на 2 јули, а неколку дена порано на 28 јуни истиот човек е забележан од обезбедувањето и е бркан од нивна страна.



Нашиот извор нѐ информира дека веднаш по приведувањето на сторителот е извршено препознавање и истиот го признал делото. Од истиот извор дознаваме дека во изминатиот период пред апсењето на сторителот од гробишта Бутел се откраднати околу 70 бисти.

Претходна статија

СОПРУГАТА НА РАМУШ ХАРАДИНАЈ АНИТА, ИЗБРАНА ЗА ЕДНА ОД НАЈМОЌНИТЕ ЖЕНИ НА СВЕТОТ

Следна статија

(ВИДЕО) ГДУ: ШТО ГОРИ ВО ШТИП?

Најново од Вести