Фестивал „25 години бугарски дух“ ќе се одржи на 4 октомври во Британска Колумбија во Канада
Фестивалот „25 години бугарски дух“ на 4 октомври ќе ја собере бугарската заедница во Британска Колумбија, Канада, како дел од одбележувањето на 60 години дипломатски односи меѓу Бугарија и Канада, соопшти Генералниот конзулат на Бугарија во Торонто, јавува БНР.
Настанот се организира заедно со Бугарско-канадското друштво на Британска Колумбија и ќе се одржи од 12:00 до 16:00 часот во Slovenian Hall, на адреса 5762 Sprott Street во Бурнаби. Влезот е бесплатен.
Со фестивалот ќе бидат одбележани и 25 години од основањето на Бугарско-канадското друштво на Британска Колумбија, формирано во 2001 година.
Програмата предвидува традиционални бугарски јадења, натпревар за најдобра баница, народни танци и музика, презентација на традиционални занаети, активности за деца и средби со претставници на бугарската заедница.
Бугарија и Канада воспоставиле дипломатски односи во 1966 година.
Според податоците на канадската статистика од 2021 година, во земјата живеат повеќе од 33.000 Канаѓани со целосно или делумно бугарско потекло.
Според неофицијални процени на бугарското Министерство за надворешни работи, во Канада живеат и работат околу 75.000 Бугари. Приближно 20.000 од нив постојано престојуваат во регионот Отава–Гатино, провинцијата Квебек и источниот дел на Онтарио, а се бележи и раст на бројот на бугарски иселеници во Британска Колумбија и Алберта.
