|

Февруари е најтоплиот месец во современата историја: деветти месец по ред со рекордно висока температура

Минатиот месец беше најтоплиот февруари во модерната историја, соопшти денеска Европската служба за климатски промени „Коперник“.

Тоа е деветти месец по ред со рекордно висока температура, пишува британски „Би-би-си“.

„Гасовите со ефект на стаклена градина се секако најодговорни за оваа појава“, изјави генералниот секретар на Светската метеоролошка организација, Селесте Сауло.

„Коперник“ посочува дека овие гасови се причината поради која февруари годинава беше за 1,77 степени Целзиусови потопол отколку во прединдустриската ера или пред луѓето да почнат да согоруваат големи количини фосилни горива.

Според податоците на ОН, концентрацијата на јаглерод диоксид е на највисоко ниво во изминатите два милиони години.

Температурите од минатиот месец го соборија претходниот рекорд поставен во 2016 година, кога беа повисоки за околу 0,12 степени Целзиусови.

Слични Објави