„Фич“ го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на Бугарија во странска и домашна валута
Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на Бугарија во странска и домашна валута „BBB“ со позитивна перспектива.
Рејтингот е поддржан од силната надворешна и фискална позиција на Бугарија во споредба со земјите со ист рејтинг. Друг фактор е сигурната политичка рамка на членството во ЕУ и долгогодишното функционирање на режимот на валутен борд. Од друга страна, ниското учество на инвестициите и неповолните демографски фактори влијаат на потенцијалот за економски раст и врз јавните финансии на долг рок.
Позитивната перспектива ги одразува и плановите за членство во еврозоната. Што се однесува до стапката на инфлација, во Бугарија таа следи надолен тренд, но останува значително над онаа на другите земји-членки на ЕУ со најниска инфлација и моментално не го исполнува критериумот за стабилност на цените. Буџетскиот дефицит се очекува да биде 2,8% во 2024 година и 3,5% од БДП во 2025 година.

