ВМРО-ДПМНЕ ќе добие поддршка од Алијанса за Албанците за Град Скопје да го „рушат“ Шилегов?!

/

Преговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците за соработка на локалните избори се во тек. Ова го потврди генералниот секретар на АА Арбен Таравари, кој рече дека преговараат и со други партии. Тој потенцираше дека на ДУИ им понудиле заедно да се тркаат во првиот круг, а откако Ахмети и Заев се договориле за саботка, тогаш на нив им преостанало да направат „контра удар“, а тоа е соработка со ВМРО-ДПМНЕ.

Ние преговараме со сите политички партии и со ВМРО-ДПМНЕ. Се надевам дека ќе завршиме со сите преговори, при крај сме. Тоа нормално треба да помине низ партиските органи, се надевам дека во тек на идната недела, можеби ќе го официјализираме и ќе се потпише таков договор и тоа ќе биде објавено транспаренто пред сите медиуми, вели Таравари.

На прашањето дали тоа значи дека Алијанса за Албанците ќе им даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, Таравари не негираше, ниту одговори потврдно, само кажа дека ако се направи соработка, тогаш се подразбира дека таа соработка ќе се однесува на сите општини каде што има интерес ВМРО-ДПМНЕ и во општините кои интерес имаат Алијанса за Албанците и Алтернатива.



-Доколку биде професионалец, нова генерација на политчар, кој нема лош беграунд во позадина, ние како Алијанса и Алтернатива сме подготвени на такви кандидати секогаш да дадеме предност и да ги подржиме се со цел да направиме промена во Град Скопје, бидејќи мислам дека Скопје заслуќува промена по овие четири години каде што имаше тотална стагнација, вели Таравари.

Претходна статија

Нов Зеланд со Фајзер ќе ги вакцинира деца на возраст од 12 до 15 години

Следна статија

На ГП Табановце се чека околу два часа

Најново од Вести