| |

Во ранчот „Countryside Retreat“ во Ранковце се одржа работилница „За уметност, музика и свет без дискриминација“ дел од проект финансиран по програмата „Бугарска помош за развој“

Во ранчот Country side retreat во Ранковце во неделата се одржа работилница за уметност, музика и свет без дискриминација. Работилницата е дел од проектот ,,Интелигентна младина за подобар свет ” и се спроведува по програмата Бугарска помош за развој.

Пред присутните на настанот се обрати Магдалена Ранкова, која зборуваше за програмата Work and travel и за фактот дека истата таа програма им овозможила на многу студенти од Бугарија и РС Македонија да патуваат, да учат јазици и да ги реализираат своите соништа. Во моментот Ранкова е успешна бизнис дама со сопствен бизнис во Софија.


Како претставник на Крива Паланка пред учесниците во работилницата се обрати музичарот и текстописец Дејвид Зекиров. Зекиров е ментор на деца кои сакаат да научат да свират гитара. За уметничката програма се погрижија децата од фолклорното здружение Фолклористи од Крива Паланка. Тие изведоа сплет од познати ора карактерни за северно-источниот регион на земјата.

Настан во живо имаа и Наталија Данилова, која беше дел од првото издание на бугарскиот идол и Кирил Атанасовски.

Специјален гостин на настанот беше сопругата на бугарскиот амбасадор во РС Македонија, Билјана Ангелова.

Слични Објави