| |

Ковачев ги информирал своите колеги во ЕП и Европската комисија за нападот врз Бекир Кадриески

Бугарскиот европратеник од редовите на ЕНП Андреј Ковачев преку социјалната мрежа Facebook соопшти дека ја информирал Европската комисија и неговите колеги за нападот врз Бекир Кадриески, претседател на бугарското здружение „Шемето“ во Струга.

„Системското малтретирање на Бугарите, кои ја имаат храброста, отворено да го истакнат својот идентитет во РС Македонија продолжува“, пишува Ковачев.

„Веќе сум ја информирал Европската комисија и колегите“, додава Ковачев, обвинувајќи ја елитата во РСМ за непријателската атмосфера кон Бугарите во земјата.

„За оваа непријателска атмосфера се виновни елитите во РСМ- политичари, медиуми, академици, општественици! Кога тие ќе кажат доста е и ќе ги заштитат сопствените храбри сограѓани“, прашува Ковачев.



Слични Објави