| |

СОБРАНИЕТО СЕ АКТИВИРА – СОСТОЈБАТА СЕ КОМПЛИЦИРА

Група пратеници бараат свикување на Парламентот за да ја потврди одлуката на претседателот Стево Пендаровски за продолжување на вонредната состојба. Опозицијата стравува дека целта е Собранието да ги потврди владините уредби кои не се однесуваат на пандемијата, пишува Радио Слободна Европа.

Претседателот на Собранието Талат Џафери повторно ќе треба да одлучи дали да ги повика пратениците да се вратат во собраниските клупи откако група пратеници од владејачката СДСМ и од опозициските партии на Албанците покренаа иницијатива со која повторно се бара свикување на Парламентот. На списокот потпис ставија пратеници од опозициската ДПА, Алијансата за Албанците, Беса, независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и од владејачката СДСМ. Иницијативата содржи две точки – свикување на седница за потврдување на одлуката на претседателот Стево Пендаровски за вонредна состојба и за ставање во употреба на Парламентот кој на 16 февруари се распушти во очекување на избори.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави