ГЕРБ со осуда за нападот врз Бекир Кадриески
ГЕРБ најостро го осудува бруталниот чин на насилство врз граѓанин на РС Македонија со бугарска самосвест, јавува БГНЕС.
„Сведоци сме на уште еден брутален чин на насилство врз државјанин на Република Северна Македонија со бугарски идентитет. Претседателот на здружението на Бугарите „Шемето“ Бекир Кадриески е тешко претепан во градот Струга. Силно ја изразуваме нашата огорченост и го осудуваме овој најнов чин на неиспровоцирано насилство врз наш сонародник“, соопшти ГЕРБ.
„Доколку се потврдат информациите дека претепувањето на Кадриески било проследено со зборовите „валкан Бугарин“, тогаш тоа што се случило ќе претставува опасен рецидив и преку сите можни меѓународни канали ќе бараме делото темелно да се истражи, а виновниците да се казнат со сета строгост на законот“, потенцираат од партијата на Бојко Борисов.
