ФИЛИП ПЕТРОВСКИ : МИЦКОСКИ НЕМА ДРУГ ИЗБОР
Филип Петровски како претставник на Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ изјави дека Мицкоски нема друг избор освен да нема став по повод референдумот кој ќе се оддржа на 30ти Септември. Во Само Вистина тој потенцира дека Мицкоски бил ставен на чекан и наковлна, од една страна членството кое е масовно за бојкот, а од друга страна странците кои очекуваат да се излезе и да се гласа, со кој Мицкоски не сака да влезе во конфликт. Токму затоа тој се решил да излезе со ваков став со надеж дека нема да ја заврши предвремено својата политичка кариера.

