| |

ФИЛИПЧЕ: АЈДЕ ДА ДАРУВАМЕ ПЛАЗМА И ДА СПАСИМЕ ЖИВОТИ ВО БОРБАТА СО КОВИД-19

Досега се обезбедени 61 единица ковалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19, објави денеска министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил. Крвна плазма, порача тој, може да дарува лице кое оздравело од коронавирус.

„Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сè уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски“, напиша Филипче.

Тој објави и линк за тоа кој и како може да дарува ковалесцентна плазма.



Слични Објави