|

Филипче ги поддржува барањата на приватните специјализанти: Тие го бараат само она што го заслужуваат

„Клучно за развојот на сите млади лекари е да им пренесуваме знаење. Но, тоа не е доволно. Потребно е тие да бидат соодветно платени за својот труд. Од нивната работа зависи и здравјето на граѓаите денес и во иднина. Тие го бараат само она што го засчужуваат“, вели поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

„Ги поддржувам барањата на приватните специјализанти за покачување на примањата, согласност растот на платите. Обезбедувањето на плата на приватните специјализанти за прв пат во историјата беше плод на мојата соработка со нив додека бев министер. Одлуките за нивните права и барања секогаш ги носевме заедно во еден инклузивен процес. Тоа така мора да продолжи и во иднина. Приватните специјализанти треба да бидат платени и понатаму во согласнот со растот на платите на лекарите“, напиша Филипче.

Според него клучно за развојот на сите млади лекари е да им се пренесува знаење.

„Но, тоа не е доволно. Потребно е тие да бидат соодветно платени за својот труд. Од нивната работа зависи и здравјето на граѓаните денес и во иднина“, рече тој.

На 27 март е најавен протест на младите лекари и приватните специјализанти под мотото „Достоинство за младите лекари“.

Причините за протестот се, како што велат платите на приватните специјализанти, кои не се опфатени со ниту едно покачување во здравството и изнесуваат 26 илјади денари. Како што велат, останале и без здравствено осигурување, кое им било укинато.

Околу 200 лекари специјализанти од Медицинскиот факултет се собраа претходно пред Министерството за здравство на мирен протест во знак на револт кон игнорантскиот однос кон Петицијата преку која си ги бараат своите права.



Слични Објави