| |

ФИЛИПЧЕ ЈА НАЈАВИ СЛЕДНАТА МОЖНА МЕРКА-ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите објасни зошто засега не е потребно воведување на полициски час, но од друга страна ја потенцираше важноста за почитување на мерките поради сериозниот притисок на здравствениот систем и брзото исполнување на болничките капацитети, како и недостаток на медицински кадар.

„Се повеќе одделенија се пренаменуваат да третираат пациенти со ковид. Многу веројатно е дека за многу кратко време, тоа може да доведе до намалување на обемот на нормалната работа на одделенијата, редуцирање на термините преку системот Мој термин како за прегледи така и за интервенции, дијагностички или оперативни. Сите се посветени на оваа работа координаторите на интерните клиники, Инфективната клиника, во болниците сите одделенија практично и целокупниот кадар е посветен, и по систем на ротација спремен да помогне во третман на ковид пациентите , но тоа оди се потешко“, изјави министерот.

Министерот изјави уште дека секојдневно се следат и се анализираат состојбите на терен, а доколку има простор и потреба Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство, ќе препорача и дополнителни рестриктивни мерки. Следна мерка би можела да е полициски час.



Слични Објави