Филипче: Мицковски и владата го заглавија возот во снег, и ако наместо по патот на ЕУ тргнат по друг пат, возот ќе отиде во провалија
Премиере Мицковски, како и што се очекуваше, потврдивте дека немате план за патот кон ЕУ, па затоа и не одговоривте на ова прашање, ниту пак кажавте дека воопшто имате некаков план, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денес во Собранието, на седницата за пратенички прашања.
-Повторно кажувате дека нешто разговарате и дека нешто се случува во Брисел или Вашингтон, но не кажувате што е тоа, ниту пак дали имаме некаква временска рамка. Од ’91 година до сега, ниту една Влада во Македонија, немало, а да нè работи за Европа. Напротив, секоја влада во рамките на својот капаците и можности, го правела тоа и сега првпат, кога Европа е на дофат, Мицковски и ДПМНЕ го запираат патот, којшто генерации наназад го чекаа и очекуваа, рече Филипче.
Тој потенцираше дека Владата на ДПМНЕ го запираат патот кон ЕУ и побара од Мицковски да биде искрен и да признае дека тој лично нема верба во Европа и европските вредности, а ниту план како да ја внесе државата во ЕУ.
– Мицковски нема никакво право да го запира патот кон ЕУ. Тој и владата го заглавија возот буквално во снег, и ако наместо по патот на ЕУ тргнат по друг пат, возот ќе отиде во провалија“, рече Филипче.