|

Филмски грабеж кај Загреб: Петмина влегле во продавница додека шестиот чувал стража, за минута украле се’ и побегнале

Хрватската полиција се’ уште трага по младите луѓе кои во понеделникот вечерта упаднаа во продавница за мобилни телефони во Доња Река кај Јастребарски кај Загреб.

Нешто повеќе од една минута им требало на провалниците, од првиот удар на стаклото на вратата од продавницата, до излезот до автомобилот, за да украдат десетици мобилни телефони вредни околу 100.000 евра.

Вака изгледаше добро координираната кражба од продавницата за мобилни телефони ТИА во Доња Река кај Јастребски, која камерите ја снимија во понеделникот вечерта. Снимиле шест мажи со две БМВ возила како доаѓаат пред зградата во која се наоѓа продавницата. Се гледаат пет лица како влегуваат и почнуваат да грабаат се од шкафовите и полиците. Камерите снимиле млади мажи во тренерки како ставаат телефони и други уреди и опрема во чанти. За да не бидат препознаени, тие ги завиткале главите во шалови, капи и качулки.

Петмина од нив влегле во продавницата, додека шестиот останал на стража. Точно по нешто повеќе од една минута истрчале надвор до автомобилот со пленот.  По бегството им се губи секаква трага.

Сопственикот на продавницата за 24сата.хр потврдил дека крадците се уште се во бегство и дека нуди награда за информација која би ги открила, мобилен телефон вреден 1.000 евра.

-Имав слична кражба во февруари, и брзо ги фатија. Стануваше збор за банда романски државјани. Сакале да побегнат во Словенија – рекол сопственикот и додал дека знае дека биле пуштени по еден месец истражен притвор. Може само да претпостави дека токму истите луѓе дошле да ја „завршат работата“.

Она во што е сигурен е дека двајца членови на оваа екипа дошле како „извидници“ во саботата. Едниот имал капа и качулка на главата, додека другиот само капа. Интересно е што на него имал отпечаток од слика, која вообичаено ја користат луѓето за да ги попречат компјутерските програми во идентификацијата на лицата. Ниту еднаш не ја кренаа главата кон камерите, а се обидоа да купат мобилен телефон. Се претпоставува дека се обиделе да купат телефон со украдена картичка, бидејќи еден од нив постојано внесувал погрешен ПИН.

Од загрепската полиција само потврдија дека истрагата за случајот се уште е во тек.



Слични Објави