ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ЈА ПРЕТРЕСУВА КУЌАТА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ
Денес во Карпош финансиска полиција ја претресува куќата на Стевчо Јакомовски барајќи докази за сомнеж извршен финансиски криминал во периодот кога тој беше градоначалник на општина Карпош. Според Стевчо Јакимовски ова е само притисок пред рефереднумот поради јасниот став на ГРОМ за бојкот на референдумот, нагласувајќи без разлика дали е тој жив или мртов ГРОМ нема да излезе на гласање на 30ти септември.