Фолклорен празник со млади таленти на Европскиот музички фестивал во Софија
Прослава на богатството на бугарскиот фолклор е најавена во програмата на Европскиот музички фестивал, јавува БНР. Студенти од Националната музичка академија „Проф. Панчо Владигеров“ вечерва во 18 часот во салата на академиjaта ќе настапат на т.нар. „Фолклорен празник“, настан што е дел од Европскиот музички фестивал.
Настанот е со слободен влез и се реализира во партнерство со НМА и со финансиска поддршка на Министерството за култура на Бугарија и Општина Софија.
Програмата ја открива мелодичната убавина и ритмичката разновидност на бугарскиот музички фолклор. Ќе звучат дела на некои од најзначајните мајстори во обработката на автентичното народно творештво: Красимир Ќуркчиски, Иван Врлев, Георги Андреев и Стојан Пауров. Предвидени се и премиери, создадени во духот на народната музика од самите студенти-изведувачи.
Фолклорните специјалности во НМА се создадени во 2018 година при Инструменталниот факултет. Особена гордост на училиштето се двата студентски ансамбли – Академски фолклорен хор со диригент д-р Вања Монева и Академски фолклорен оркестар, под раководство на доц. д-р Димитар Христов, кои водат активна концертна дејност.
